Меколи Калкин си го зацементира името во холивудската историја.
43-годишниот актер, кој сите го паметиме по улогата во филмот „Сам дома“, доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. На церемонијата, тој за првпат ги претстави двете деца пред јавноста.
Калкин позираше покрај ѕвездата со вереницата Бренда Сонг и 2-годишното синче Дакота, додека помалиот син Карсон седеше во публиката.
Многумина коментираат дека Дакота е вистинска копија на неговиот татко во времето кога го снимаше популарниот филм.
За време на настанот, Меколи беше полн со емоции додека зборуваше колку многу му значи неговото семејство, а ѝ се заблагодари на саканата за поддршката.
„Ти си единствената личност посреќна за мене отколку што сум јас. Ти си најдобрата жена која ја познавам, ти си најдобрата личност која ја познавам. Ми ја даде целата моја смисла, ми даде семејство“ – ѝ рече тој на Бренда.