Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Меколи Калкин со хумористична фотографија реагираше на веста дека Дизни ќе снима римејк на „Сам дома“

Меколи Калкин со хумористична фотографија реагираше на веста дека Дизни ќе снима римејк на „Сам дома“

Откако Дизни најави дека ќе снима римејк на комедијата „Сам дома“, Меколи Калкин реагираше на социјалните мрежи.

Сам дома

38-годишниот актер, кој го глумеше итрото дете во популарните филмови, објави фотографија на која седи на кауч со чинија во рацете и лаптоп во скутот.

„Вака всушност ќе изгледа апдејтиран Сам Дома“ - напиша тој, на голема радост на неговите фанови.

Многумина изразија незадоволство од стремежот на Дизни да пресоздава филмови како „Сам дома“ и „Ноќ во музејот“ за платформата Дизни+, а не се малку и шегите кои произлегоа од ваквата најава.

Калкин беше најактивен во Холивуд во детството. Сега е посветен на неговиот сатиричен вебсајт за поп култура Bunny Ears.

Сам дома

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.