Минатата година Џенифер Лопез ја размрда публиката на полувремето на Супер Боул заедно со Шакира.
51-годишната музичарка ни оваа година не го пропушти спортскиот настан, но овој пат го следеше од трибините на стадионот „Рејмонд Џејмс“ во Тампа, Флорида. Славната актерка и пејачка беше облечена во црно-бел стајлинг, а друштво ѝ правеше вереникот Алекс, кој носеше костум со риги.
Сетот на Лопез е од Луј Витон и палтото од Шанел.
Таа сподели неколку фотографии, а во дел од нив со Алекс им се заблагодарија на медицинските лица кои беа значителен дел од овогодишната публика на Супер Боул.
Алекс објави видео снимено по пристигнувањето со приватен авион.