Хиларија и Алек Болдвин објавија дека имаат уште едно бебе.
Пред само шест месеци, 62-годишниот актер и 37-годишната јога инструкторка го добија синчето Еду. Вчера Хиларија ги збуни фановите откако објави фотографија на која држи новороденче, а во описот го напиша бројот 7. Со тоа, таа најверојатно алудираше дека со Алек имаат шест заеднички деца и ќерката која Алек ја има од претходниот брак со Ким Бесинџер.
Извор близок до парот за People потврдил дека Алек и Хиларија имаат шест деца, но останува нејасно дали тие го посвоиле бебенцето или го добиле со помош на сурогат-мајка.
Подоцна, во приказните на Instagram, Хиларија сподели фотографија на која Алек го држи бебето и напиша: „Добредојде во семејството Болдвин“.
Хиларија го роди петтото дете во септември минатата година откако имаше два спонтани абортуси.
Парот е во брак од 2012 година.