По ужасната несреќа на филмскиот сет на „Rust“, Алек Болдвин се дистанцира од професионалните обврски и се посвети на семејството.
63-годишниот актер се маскираше за Халовин заедно со сопругата Хиларија и шесте нивни деца.
„Родителството во оваа ситуација во најмала рака беше напнато искуство. Денес, се потрудивме да им дадеме празник. Костими смислени во последната минута, но децата беа толку среќни што ми го згреаја мајчинското срце“ – напиша Хиларија.
Имено, за време на снимањето на новиот филм, пиштолот кој го користел Болдвин случајно испука и ја усмрти кинематограферката Халина Хачинс, а го рани режисерот Џоел Зоуза.
Во тек е истрагата за утврдување на околностите за смртта на Халина. Според извештај од истрагата, имало безбедносни пропусти и пред трагедијата имало инциденти на случајни истрели.
„Таа ми беше пријателка“ - вознемирено изјавува Болдвин за папараците кои неуморно се обидуваат да дознаат повеќе детали за трагедијата.