Алек и Хиларија Болдвин ќе добијат уште една ќеркичка.
Славниот пар откри дека очекува девојче во слатко видео снимено со останатите шест деца.
Во него, 64-годишниот актер и 38-годишната јога инструкторка заедно со децата му даваат совети за животот на нероденото бебенце.
„Отсекогаш ми беше забавно и значајно откривањето на полот на моите деца, но како што растам и учам, овојпат сакам тоа да го направам поинаку. Што ќе го направи нашето бебе грижлива и комплетна личност. Што е важно? Што ќе направи да се чувствува видено, слободно и гордо? Можеби ништо што ние можеме да дефинираме. Ние можеме само да ја водиме, да го охрабриме нејзиниот дух, да слушаме, да споделуваме наши искуства и да учиме со неа додека го набљудуваме нејзиното патување. Можеме да обезбедиме колку што можеме подобар живот, но остатокот зависи од нашето бебе, да го открие сопственото, уникатното јас“ – напиша Хиларија во описот.
Хиларија и Алек се родители на 8-годишната Кармен, 6-годишниот Рафаел, 5-годишниот Леонардо, 3-годишниот Ромео, и едногодишните Едуардо и Марија Луција. Алек е татко и на 26-годишната Ирланд, која ја има од бракот со Ким Бесинџер.