Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Алек и Хиларија Болдвин го очекуваат СЕДМОТО дете

Алек и Хиларија Болдвин го очекуваат СЕДМОТО дете

Семејството Болдвин ќе добие уште еден член. Алек и Хиларија го очекуваат нивното седмо дете.

38-годишната јога инструкторка ја сподели радосната вест со фановите со видео од моментот кога им кажуваат на нивните деца дека ќе добијат уште едно бебенце.

„Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно и сме пресреќни од ова изненадување. Го споделувам со вас моментот кога им кажавме на децата – како што можете да видите, тие се супер возбудени. Нашето ново бебе е многу светла точка во нашите животи. Благослов и подарок во овие неизвесни времиња“ – напиша таа и објави дека ќе се породи наесен.

Хиларија и 63-годишниот актер се родители на 8-годишната Кармен, 6-годишниот Рафаел, 5-годишниот Леонардо, 3-годишниот Ромео, 18-месечниот Едуардо и 13-месечната Марија Луција. Алек е татко и на 26-годишната Ирланд, која ја има од бракот со Ким Бесинџер.

Болдвин Болдвин Болдвин Болдвин Болдвин

Радосната вест на парот доаѓа пет месеци по големата трагедија на филмскиот сет на „Rust“, кога Болдвин случајно испука и ја усмрти кинематограферката Халина Хачинс, а го рани режисерот Џоел Зоуза. Популарниот актер веќе се врати на снимањето филмови и моментално е во Италија поради професионални обврски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.