Шенон Доерти ја води најтешката битка во својот живот. 45-годишната актерка во август минатата година откри дека боледува од рак на дојка, а сега со обожавателите сподели емотивни фотографии од важен момент од своето патување.
Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс 90210“ на Instagram објави фотографии пред, за време и откако си ја избричи главата.

За време на емотивниот процес, Шенон доби поддршка од својата мајка Роса и пријателката Ени, кои позираат заедно со неа на фотографиите.





Познатата актерка проговори за својот здравствен проблем откако беше објавено дека таа го тужи поранешниот менаџер за тоа што го изгубила здравственото осигурување во 2014 година и не добивала соодветна медицинска нега во тој период.
Според тужбата, во март минатата година Шенон дознала дека има инвазивен рак на дојка кој метастазирал барем на една лимфна жлезда. Докторите ја информирале дека ракот се проширил во 2014 година, кога таа немала здравствено осигурување. Во тужбата е посочено дека ако Доерти имала осигурување во тој период, ракот ќе бил откриен порано и дека немало да има потреба од мастектомија и хемотерапија.

Шенон се прослави со улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс 90210“, а подоцна и како Пру во серијата „Волшебнички“.

