Почетна » Новости » Актуелно » КС Групација го одбележа денот на жената со повеќе активности

КС Групација го одбележа денот на жената со повеќе активности

КС Групација оваа година го одбележа меѓународниот ден на жената 8-ми март со неколку активности. Секоја жена, мајка, девојка заслужува признание за својата улога во обликувањето на општеството и за придонесот кој го дава секој ден. Компаниите од КС Групацијата (Голд Фелициа, Голд Слот, Евротип, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт постојано ги поддржуваат и охрабруваат жените, бидејќи токму тие се двигател на општествените промени во секој аспект.

Кс Групација

Во склоп на тие активности Голд Фелициа втора година по ред го поддржа Конкурсот за Краток Расказ кој 12та година по ред го организира Организацијата на жени од Битола во соработка со НУ Универзитетска Библиотека Св.Климент Охридски – Битола. Тема на овогодинешниот конкурс беше "Семејното наследство женски товар на традицијата".

Кс Групација

Голд Фелициа додели 6 награди за победниците на конкурсот во двете категории – категорија ученици и категорија возрасни.

Јасна Весиќ од маркетинг секторот на КС Групација беше присутна на настанот и им ги додели наградите на среќните добитници.

Кс Групација

На 6-ти март во ресторанскиот дел на Голд Фелициа се одржа традионалната забава за вработените жени од дирекцијата на КС Групација. Заедничкото дружење придонесува за развивање на тимскиот дух и подобрување на меѓусебната комуникација меѓу вработените со што се подобрува функционирањето на самиот деловен процес на Групацијата.

На 7-ми март во дирекцијата на КС Групација припадничките на понежниот пол беа изненадени со цвет и картичка како мал знак на внимание во пресрет на празникот на жената.

Беа испратени и цвеќиња до соработничките на КС Групација од различни сектори на општественото делување. Цветови добија и сите операторки во Евротип и Голд Слот Клубовите низ цела Македонија.

Финансовата директорка на КС Групација М-р Ивона Шурбевска беше една од 8-те жени која со своја изјава учествуваше во традиционалната објава на порталот Битола Њуз која секоја година се објавува за денот на жената 8-ми март.

Кс Групација

На 11-ти март претставничките од маркетинг секторот Елена Трајчевска и Јасна Весиќ присуствуваа на настанот „Жена 360° – Инспирација во сите улоги“ во организација на Советот за женско претприемништво, а со поддршка на Општина Битола кој се одржа во Утопија. Настанот беше одлична можност за споделување на искуства и поврзување со жени кои оставаат силен печат во сите сфери на општественото живеење.

Нашата групација сака да биде пример за сите останати компании и со личен пример да поттикне промени во општеството. Менаџерскиот тим на групацијата сака да акцентира дека родовата еднаквост е важен сегмент од деловното работење и повикува на поголема свесност за овој “феномен” кај сите компании.

Кс Групација Кс Групација Кс Групација

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23679 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.