Антониа Гиговска со денови го најавува своето ново музичко дело.
Македонската пејачка ќе ја објави својата песна „Аман“, која ќе биде втора од нејзиниот најнов албум.
Спотот Антониа го снимаше во Египет и во пустината Сахара, а во него се појавува со светли веѓи и трепки за да долови албино изглед.

„Додека туѓите лаги се вртеа околу мене како ветар, ветар што пробуваше да ме сруши на земја, јас и моите стравови се гушнавме за првпат. Во тој момент станав незапирлива, свесна за тоа која сум, но и свесна за тоа која никогаш повеќе не сакам да бидам.“
„Победа е да сфатиш што не е за тебе, нели?“ – вели Антонија во краткото видео за најава на песната.






