Шведската принцеза Викторија ја одбележа пролетната сезона со слатки фотографии од своите деца.
Шестгодишната принцеза Естел позира покрај двегодишниот принц Оскар на неодоливите фотографии. Малите брат и сестра носат складна облека за фотосесијата направена во дворот на нивниот дворец во Стокхолм.
Вчера, шведското кралско семејство беше фотографирано во кралската палата, каде го покани шведскиот хокеарски тим, кој победи на Светското првенство. Естел и Оскар беа фотографирани со значајниот трофеј.
Викторија и принцот Даниел стапија во брак на 19 јуни 2010 година, а две години подоцна се роди принцезата Естел.