Принцезата Викторија ја посети Атина за да присуствува на семинар.
41-годишната престолонаследничка на Шведска го стави комфорот на прво место, избирајќи патики наместо високи потпетици. Удобните обувки, кои се дел од колекцијата на Стела Мекартни и Адидас, Викторија ги комбинираше со цветно здолниште од шведскиот бренд H&M, кое е скроено по нејзина мера од фустан.
Претходно, истиот трик го имаше искористено данската принцеза Мери, прилагодувајќи фустан од H&M во здолниште.
На семинарот во грчката метропола се зборуваше за „предизвиците и можностите поврзани со новата климатска економија“.
Претставничката на шведското кралско семејство ги посети и Атинската Агора и Атинскиот Акропол.