Утрово беше крстен шведскиот принц Оскар.
На крштевката одржана во кралската капела во Стокхолм, синот на принцезата Викторија и принцот Даниел, чие целосно име е Оскар Карл Олоф, беше облечен во традиционалниот фустан за крштавање. 38-годишната принцеза носеше бел фустан од Self-Portrait кој совршено си одговараше на фустанот на малата Естел.
По крштевањето на бебето во црквата, семејството излезе пред толпата насобрана пред кралскиот дворец во Стокхолм. Престолонаследничката Викторија внимателно го носеше в раце малиот Оскар, додека Естел чекореше за рака со татко си.
Голем дел од членовите на шведското кралско семејство присуствуваа на церемонијата, а гости имаше и од кралските семејства на Норвешка и Данска. Принцот Карл Филип беше придружуван од својата сопруга Софија, која се породи минатиот месец.