Ева Лонгорија не ги пропушта хуманитарните настани на „Global Gift Foundation“, непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на деца, жени и семејства.
Вчера, 41-годишната холивудска актерка присуствуваше на гала вечер на организацијата, која се одржа во Дубаи.
За свечениот настан, Ева избра црна креација која ги истакнуваше нејзините облини. Фустанот е дело на модната дизајнерка Зена Заки.




На црвениот тепих, Лонгорија позираше пред фоторепортерите со 59-годишната Мелани Грифит.



За блиската соработка со „Global Gift Foundation“, Лонгорија објаснува дека е заслужна нејзината сестра, која ја мотивирала да се занимава со хуманитарна дејност. „Израснав со сестра со посебни потреби. Таа е прекрасна личност и светлина во животите на сите во моето семејство“ – вели Ева.







Претходно, ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ беше гостинка на Меѓународниот филмски фестивал во Дубаи. На манифестацијата, таа зачекори во црно-бел фустан од Ieena Duggal, кој го искомбинира со сандали од Gianvito Rossi.




