Ева Мендес беше гостинка на отворањето на продавница на New York & Company во Мајами, каде ќе бидат изложени модели од нејзината колекција.
43-годишната актерка привлекуваше погледи облечена во макси фустан од колекцијата Eva Mendes за NY&C, кој го надополни со колан од истата колекција.









Мендес е лицето од насловната страница на новото издание на списанието „Shape“, а во интервјуто зборуваше за враќањето во форма по втората бременост. „На некој начин, поголем предизвик ми беше враќањето во форма по раѓањето на втората ќерка. Но, не е толку тешко колку што си мислев дека ќе биде, бидејќи секогаш трчам со децата. Никогаш не седнувам, постојано сум во движење“ – рече таа.
Убавата сопруга на Рајан Гослинг го роди своето второ дете пред 11 месеци. Парот има уште една ќерка.
