За да надомести за долгото отсуство од музичката сцена, Шакира сега не прави пауза. После динамичните спотови на хитовите „She Wolf“ и „Did It Again“, колумбиската поп икона продолжува да ги покажува своите танцувачки способности во новиот спот на песната „Give It Up To Me“.
Шакира го сними овој сингл во соработка со раперот Лил Вејн. Спотот на песната „Give It Up To Me“ многу наликува на препознатливите спотови на Бијонсе и е многу поразличен од досегашниот стил на атрактивната пејачка.
Погледнете го новиот спот на Шакира, чиј албум ќе излезе кон крајот на ноември.