Шакира и Пике неодамна станаа родители и во неделата за првпат го прославија Денот на таткото. За да го одбележи денот, 36-годишната пејачка објави прекрасен семеен портрет со двајцата најважни мажи во нејзиниот живот.
На фотографијата Шакира и Пике со широки насмевки позираат зад петмесечниот син Милан, кој носи маичка со натпис „DJ Sleep-a-lot“.
Заедно со фотографијата, сексапилната Колумбијка објави и кратка порака на шпански за Пике: „Среќен Ден на таткото! Те сакаме! Твоето семејство“.
Слатката фотографија досега има добиено над 1,6 милиони лајкови од фановите на славната пејачка.
Неодамна Шакира сподели дека Пике е многу добар татко. „Фала Богу таткото се вклучува во сè. Тој е неверојатен. Бебето поминува исто толку време со мене колку и со неговиот татко. Тој менува пелени и ужива да го капи. Тоа е вистинска помош за мене“ – рекла таа во интервју за списанието People.