Изложувајќи го својот став за образованието на децата во реномираното списание „Економист“, Шакира покажа дека е многу повеќе од обична поп ѕвезда.
Атрактивната пејачка го определи образованието како најголема можност за промена и развој кај повеќето нации.
„Одбивам да верувам дека не е возможно да се школува секое дете. Со создавање на Глобален фонд за едукација во 2010 ние ќе инвестираме во иднината на децата.“
Интернационалната музичка ѕвезда е основач на фондацијата „Barefoot“, која им помага на најсиромашните деца во Колумбија да го добијат заслуженото образование.
“
За помалку од 2 долари на ден по дете, нашите училишта им обезбедуваат храна, школување и советување на илјадници сиромашни деца. Нашите училишта им помагаат на тие деца да излезат од сиромаштијата.
Навистина Шакира најде прекрасен начин да го искористи својот статус на ѕвезда и да стане поборник за едукација на децата ширум светот.