Шакира е бремена со првото дете. 35-годишната музичка ѕвезда и 25-годишниот фудбалер Жерар Пике наскоро ќе станат родители.
Колумбиската пејачка ја потврди веста за бременоста на својот официјален сајт и објави дека прави мала пауза од настапите.
„Како што некои од вас можеби знаат, со Жерар сме многу среќни чекајќи го пристигнувањето на нашето прво бебе! Решивме да му дадеме приоритет на овој уникатен момент во нашите животи и да ги одложиме сите промотивни активности планирани за следните неколку дена“ – напишала таа за да ги извести своите обожаватели дека нема да настапи на музичкиот фестивал iHeartRadio.
Шакира потврди дека е во врска со Пике во март минатата година. И на двајцата ова ќе им биде прво дете.
Само пред неколку дена беше објавено дека Шакира ќе ја замени Кристина Агилера и ќе стане дел од жирито на шоуто „The Voice“.