Иако многу жени низ светот ѝ завидуваат за телото што го има, Шакира изјавила дека ѝ биле потребни стотици часови терапија за да може да си го засака своето тело.

Неверојатната пејачка, која го заведе светот со движењата на колковите, открила дека како и секоја друга жена, исто и таа постојано си пронаоѓала маани.
“
Сакав да сум послаба, да имам подолги нозе, помали колкови, помал задник и дури и поправа коса. Јас сум како сите други жени – ние сме родени да се самокритикуваме.
Но, сега благодарение на терапијата, Шакира успеала да си го засака телото и да си ја подобри врската. Понекогаш прекрасната латино пејачка разговарала и по 1 час дневно со терапевт.
За да успее да ги плени и машките и женските погледи, Шакира работи напорно со фитнес гуруто Трејси Андерсон, која што ги оформуваше и телата на Мадона и Гвинет Палтроу.
„Вежбам многу напорно за да изгледам вака, го добив ова тело преку напорно вежбање и внимателно хранење. Секој ден вежбам, било да е тоа трчање, во фитнес сала или танцување“ – додала Шакира.