Шакира роди здраво момче. Колумбиската пејачка и нејзиниот партнер Жерар Пике синоќа станаа родители. Бебето го добило името Милан.
„Среќни сме што го објавуваме раѓањето на Милан Пике Мебарак, син на Шакира Мебарак и Жерар Пике, роден на 22 јануари во 21.36 часот во Барселона, Шпанија“ – пишува во соопштението на среќниот пар.

35-годишната пејачка и 25-годишниот фудбалер објасниле дека името Милан во словенските јазици значи драг, сакан и милостив, во латинскиот јазик значи нетрпелив и трудољубив, а во санскритскиот – обединување.
„Исто како и татко му, бебето Милан со раѓањето стана член на ФК Барселона“ – пишува уште во соопштението.