Стјепан Хаузер ја имаше честа да настапи на церемонијата по повод затворањето на 79-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција.
36-годишниот хрватски музичар ја шармираше публиката на последната вечер од манифестацијата.
Славниот виолончелист, кој е поранешен член на 2Cellos, зачекори на црвениот тепих во елегантен црн костум од Армани.
„Ми беше привилегија синоќа да ја отворам церемонијата на доделување награди на 79-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција“ – напиша Хаузер.