Стјепан Хаузер продолжи со серијата концерти „Сами, Заедно“. Новата специјална изведба на 34-годишниот виолончелист се одржа во Дубровник.
Хаузер отсвири едни од своите омилени филмски композиции, меѓу кои и од хит-серијата „Game of Thrones“ која се снимаше токму во овој прекрасен хрватски град.
Првиот концерт на хрватскиот музичар се одржа во Пулскиот амфитеатар во април, додека вториот беше реализиран на сплав пред водопадот Скрадински бук во бајковитиот Национален парк Крка.