Даниел Редклиф ја доби најубавата улога во животот. Славниот актер од „Хари Потер“ стана татко.
33-годишниот холивудски глумец и неговата партнерка Ерин Дарк го добија првото дете. Парот беше фотографиран на прошетка со малото бебенце во Њујорк.
Даниел и Ерин се запознаа на снимањето на „Kill Your Darlings“ во 2012 и се заедно повеќе од една деценија.