Даниел Редклиф, познат како волшебникот Хари Потер од истоимените филмови, беше почестен со 2.565-тата ѕвезда на Холивудската патека на славните.
26-годишниот актер се појави со кратка фризура за да го прими признанието и гордо позираше со својата ѕвезда пред Долби театарот во Лос Анџелес.
„Навистина е преголема чест. Само 20% од луѓето кои работат во филмот и телевизијата завршуваат на Булеварот на славните. Неверојатно е. Не знам дали ги отстрануваат ѕвездите, но без разлика колку многу ќе оплескам, тие не можат да ја отстранат“ – рекол Редклиф во својот говор.
Даниел позираше и со режисерот на „Хари Потер“, Крис Колумбус, и водителот Крис Хардвик.
Популарниот актер постојано го збогатува своето портфолио со нови ангажмани. Негови следни филмски проекти се „Swiss Army Man“, „Imperium“, „Now You See Me 2“ и „Young Americans“.