Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Даниел Редклиф пуши марихуана

Даниел Редклиф пуши марихуана

Даниел РедклифДаниел Редклиф во улогата Хари Потер

Даниел Редклиф, познат по улогата на Хари Потер, е виден како пуши марихуана на забава на негови пријатели во Лондон. Дваесетгодишниот актер, под дејство на наркотични супстанции, возбудено извикувал „Јас сакам трева“.

Еден од присутните гости за Daily Mirror изјави: „Изгледаше како да не е тука и како да не знае што се случува. Бев изненаден од неговото однесување.“

Најверојатно Даниел не сакал присутните гости да дознаат кој е всушност.

„Не го препознав, затоа што изгледаше многу поразличен од она што го очекував. Кога еден пријател ми кажа кој е, бев шокиран“- изјавил присутниот гостин.

Најверојатно забавата била организирана од пријател на актерката Лаура О’Тул.

Гостинот кој ја објави оваа случка призна: „Лаура се однесуваше многу заштитнички. Рече дека Даниел има репутација која треба да ја заштитува. Претпоставувам дека мислеше за тоа што го видовме дека пуши марихуана. Јас ѝ реков дека не знам за што зборува. Веднаш после тоа, таа и Редклиф заминаа“.

Популарниот актер кој публиката го засака како слаткото детенце со очила, сега веќе е возрасен и очигледно решил да се приклучи во лудиот ноќен живот што го практикуваат повеќето славни личност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.