Шведското кралско семејство има за што да слави и на што да се радува. Денес се одржа крштевката на малиот син на принцот Карл Филип и принцезата Софија која се одржа во црква во палатата Дротнингхолм.
Синот на 37-годишниот принц и неговата 31-годишна избраничка се роди на 20 април. Малиот принц го доби името Александар Ерик Хубертус Бертил.
Софија шармираше во елегантна бела креација со чипка и впечатливо венче со бисери. Нејзиното синче беше облечено во традиционалниот фустан за крштавање кој го имаат носено многу членови на кралското семејство, вклучително и неговиот татко Карл Филип.
За време на церемонијата, покрај парот седеше сестрата на Карл Филип, принцезата Викторија. Облечена во розова креација од либанскиот дизајнер Ели Сааб, таа го држеше во скутот своето синче Оскар.
Карл Филип и Софија стапија во брак во јуни минатата година.