Почетна » Новости » Актуелно » Здружението „До бебе по патот на ИВФ“ со прекрасен гест за жените кои се соочуваат со инфертилитет

Здружението „До бебе по патот на ИВФ“ со прекрасен гест за жените кои се соочуваат со инфертилитет

На Меѓународниот ден на жената, здружението „До бебе по патот на ИВФ“ со прекрасен гест им искажа поддршка на жените кои се соочуваат со инфертилитет и со предизвиците на асистираната репродукција.

Од Здружението им делеа цветови со мотивациска порака на пациентките кои беа во ИВФ клиниките за да им покажат дека не се сами во оваа борба.

Здружение „До бебе по патот на ИВФ“

Денес, ден пред 8 Март го одбележавме Интернационалниот ден на жената со проектот “Не си сама! Најдоброто допрва доаѓа”, организиран од страна на нашето Здружение. Како дел од нашата иницијатива за одбележување на 8 Март, сакаме да го посветиме овој ден на жените кои се соочуваат со инфертилитет и предизвиците на асистираната репродукција. Наша цел е да им обезбедиме поддршка и да покажеме дека сме со нив во оваа борба.

Во оваа насока, со мал гест на внимание преку делење на цветови со мотивациска порака на пациентките кои на денес беа во ивф клиниките, како симбол на љубовта, надежта и силата на жените кои се борат за родителство. Со овој мал, но значаен гест сакаме да ги охрабриме и да им покажеме дека не се сами во својата борба. Пратеничките Жаклина Пешевска и Катерина Димитровска од Собранието на РСМ заедно со членки од Здружението ги делеа цветовите.

Поделивме цветови и на персоналот во клиниките и им се заблагодаривме за нивнитезаложби и помош во нашата борба до бебе по патот на ИВФ.

Помошта и поддршка имаат големо значење за нас и за жените кои се дел од оваа борба.

Огромна благодарност за пратеничките за нивната несебична помош и поддршка која ни ја даваат секогаш кога ни е потребна.

Благодарност до приватните клиники Њуборн Клиник, Систина и Мон бебе кои ја поддржаа нашата иницијатива и денес ги отворија вратите за нас.

Благодарност до Варус кои како општествено одговорна компанија исто така помогнаа да се реализира оваа кампања.

Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“ Здружение „До бебе по патот на ИВФ“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23557 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.