Џулија Робертс е босонога безвременска убавица на црвениот тепих во Кан. Холивудската ѕвезда се појави на свеченоста во црн фустан од Армани и смарагден накит од Шопард.
Она што го изненади присутните, беше што во еден момент Робертс го помина црвениот тепих без обувки.
Вечерва беше премиерата на „Money Monster“, новиот филм на 48-годишната актерка и Џорџ Клуни, режиран од Џоди Фостер.