Џорџ Клуни не ја пропушти премиерата на својот најнов филм „Tomorrowland“. На свечениот настан во Лос Анџелес, популарниот актер се појави со својата сопруга Амал.
На синиот тепих Амал зачекори во краток фустан од Антонио Берарди.



Во еден момент, 54-годишниот актер ги покажа своите џентлменски манири и ја бакна раката на Амал. Во интервју за медиумите, тој признал дека му годи брачниот живот. „На почетокот имаше многу шеги, но не е можно да бидам посреќен. Се будам секое утро и си велам: Не може да биде подобро од ова!“ – рекол тој.

Славниот пар имаше и придружничка – внуката на Амал, Миа Аламудин.







