Џони Деп реши да се збогува со својот дом во Франција, во кој долги години живееше заедно со својата поранешна партнерка Ванеса Паради и двете деца.
Огромниот имот во Ле План-де-ла-Тур изобилува со зеленило, а на него има повеќе објекти, кои вклучуваат 12 спални соби, 12 бањи, кафетерија, фитнес сала и два базена.
Домот се наоѓа во близина на идиличниот Сен Тропе и се продава за 23 милиони евра.
Градбите датираат од 19 век. Меѓу нив била и мала црква која Деп ја преуредил и ја претворил во гостинска соба.
Деп го купил имотот во 2001 година и вложил околу 10 милиони долари за да го декорира по свој вкус и прилагоди според желбите на својата фамилија. „Тој декорираше сè, обраќајќи внимание и на најмалите детали, во боемски или уметнички стил и цел имот се продава со сите книги, DVD-а, мебелот и некои уметнички дела“ – објаснил Александар Крафт, задолжен за продажба на имотот.
52-годишниот актер и 42-годишната француска актерка и пејачка Ванеса Паради се разделија во 2012 година, а пред неколку месеци Деп стапи во брак со Амбер Херд.