Џон Бон Џови беше гостин на хуманитарна гала во Кенсингтонската палата.
51-годишниот пејач беше придружуван од сопругата Доротеа Харли, ќерката Стефани и синовите Џејкоб и Ромео. Бон Џови и Харли се во брак повеќе од 24 години.
Свеченоста „Winter Whites Gala“ е организирана од хуманитарната организација Centrepoint, која им помага на бездомни млади лица.
Бон Џови беше пречекан од принцот Вилијам. На настанот не присуствуваше војвотката Кетрин.