Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бон Џови со најголема заработка од турнеја за 2010

Бон Џови со најголема заработка од турнеја за 2010

Иако албумот на Лејди Гага е најпродаваниот албум за 2010, Гага не успеа да се искачи на врвот на листата на изведувачи со најголема заработка од турнеи.

Најголема заработка од својата турнеја оваа година остварил бендот Бон Џови. Промовирајќи го својот најнов албум „The Circle“, тие одржале вкупно 80 концерти низ цел свет и заработиле 201,1 милион долари.

Бон ЏовиГрупата „Бон Џови“

На второто место на листата се рокерите од AC/DC, кои успеале да ги наплатат билетите за 40-те нивни концерти по вкупна цена од 117 милиони долари. U2 дојдоа на третото место со заработка од 160,9 милиони.

Лејди Гага сепак си осигури место во топ 10. Таа одржала најмногу концерти, вкупно 138, за да заработи 133,6 милиони долари.

На петто место е групата Metallica. Членовите на оваa група во текот на 2010-та заработиле вкупно 110,1 милион долари од билети.

Во првите 10 се и Мајкл Бубле, Пол Мекартни и Eagles.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.