Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џон Бон Џови танцува со ќерка си на сцена за изведба на песната која ја напиша за неа

Џон Бон Џови танцува со ќерка си на сцена за изведба на песната која ја напиша за неа

Џон Бон Џови ја одушеви публиката во Лас Вегас, покажувајќи колку е силна неговата врска со ќерка му Стефани.

Во рамките на концертот, славниот рокер ја пееше „I’ve Got the Girl“, која ја има напишано за саканата ќерка. Пред самиот крај, тој ја покани Стефани на сцената и заедно танцуваа пред публиката која ги охрабруваше со аплаузи и овации.

Џон Бон Џови и Стефани Џон Бон Џови и Стефани Џон Бон Џови и Стефани

„Сите имаат мало девојче во животот... Ја напишав оваа песна за тоа мало бебе, кое сега повеќе не е така мало бебе“ – рече Бон Џови за време на изведбата.

Видео

Пред 16 години Стефани за првпат танцуваше со татко си на сцената за време на „I’ve Got the Girl“. Оттогаш, популарниот бенд често во позадина покажува снимки од разиграната Стефани додека настапува со енергичната песна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.