Џон Бон Џови го набљудува празниот Њујорк во време на пандемија во спотот за новата песна „Do What You Can“.
58-годишниот музичар и неговиот бенд им оддаваат почит на сите лица кои неуморно ги ризикуваат животите за доброто на сите останати.
Видеото завршува со пораката: „Посветено на хероите од секојдневието кои се борат да се издигнат над оваа пандемија“.