Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 27 години во брак: Џон Бон Џови со сопругата на хуманитарен настан

27 години во брак: Џон Бон Џови со сопругата на хуманитарен настан

Џон Бон Џови и неговата сопруга Доротеа се совршен пример дека љубовната искра не згаснува ниту по речиси три децении брачен живот.

Славниот пејач ја доби поддршката од неговата животна сопатничка на хуманитарен настан организиран за 10-годишнината од основањето на неговата фондација „JBJ Soul Foundation“.

На црвениот тепих во Њујорк, 54-годишниот музичар и неговата 54-годишна сопруга прегрнати и со широки насмевки позираа пред фоторепортерите.

Џон Бон Џови и Дороти Џон Бон Џови и Дороти

Џон и Доротеа ја започнаа својата љубовна приказна уште во средношколските денови. И покрај неколкуте прекини, тие секогаш се враќаа еден кај друг. „Го направив вистинскиот избор уште првиот пат. Таа е најдобра, ја обожавам“ – изјави Џон минатата година.

Коментирајќи го својот брак, тој вели: „Фактот што таа е независна и не е посесивна помага многу. Таа е многу силна жена. Јас сум доволно мудар да разберам дека жените се многу поумни од кој било маж и дека жените го контролираат светот.“

Џон и Доротеа заедно имаат четири деца.

Џон Бон Џови и Дороти Џон Бон Џови и Дороти

За време на настанот, Бон Џови изведе неколку од неговите најголеми хитови.

Џон Бон Џови и Дороти Џон Бон Џови и Дороти Џон Бон Џови и Дороти Џон Бон Џови и Дороти

„JBJ Soul Foundation“ е непрофитна организација која се фокусира да им помогне на гладните и бездомните лица во САД и да ја подигне свеста за проблемите од ваков тип.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.