Џоан Колинс и во деветтата деценија од животот шармира со дамски изглед. Ѕвездата од серијата „Династија“ била фотографирана додека се упатувала на летна забава организирана од британското политичко списание „The Spectator“.
81-годишната актерка, која ќе остане запаметена по улогата на Алексис Карингтон, со задоволство позирала пред фото-репортерите во бел блескав аутфит.
Познатата ѕвезда присуствувала на забавниот настан со 49-годишниот сопруг Перси Гибсон.
Колинс отсекогаш привлекувала комплименти, на почетокот поради гламурозниот изглед во „Династија“, а подоцна поради својот стил и одржаниот изглед. Во неколку интервјуа таа има изјавено дека никогаш не паднала во искушение да ја искористи пластичната хирургија и дека само еднаш има пробано ботокс.
Кога станува збор за негувањето на кожата, Колинс вели дека најважно е користењето на заштитен фактор. „Секогаш користам крем со заштитен фактор и го штитам лицето од штетните зраци уште од 20-годишна возраст. Треба да ме видите наутро кога се будам – лицето ми е толку бело, како чаршаф“ – вели таа.
Исто така, Џоан ги советува жените да се хранат здраво. „Консумирањето на авокадо, лосос, јаткасти плодови и свежи зеленчуци го подобрува изгледот на кожата“ – советува таа. Колинс постојано внимава на големината на порциите, плива секој ден, а двапати неделно вежба со личен тренер.
Колинс во мај присуствуваше на Канскиот филмски фестивал, каде го промовираше својот најнов филм, „The Time of Their Lives“.