Џоан Колинс блеска и на 90 години. Славната актерка, позната по улогата во серијата „Династија“ мамеше воздишки на летната забава на музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон.
Филмската ѕвезда, која минатиот месец зачекори во десеттата деценија од животот, носеше фустан во шампањ нијанса и светкава наметка.
Таа беше придружувана од 58-годишниот сопруг Перси Гибсон.