Џесика Симпсон, како и секоја мајка, се гордее со своето малечко. 33-годишната ѕвезда објави преслатка фотографија од својата мала ќерка Максвел, гордо коментирајќи дека е неверојатно убава.
Фановите на Џесика веднаш се согласија дека малото девојче со ангелски локни и небесно сини очи е прекрасно и дека многу потсетува на мајка си.
Симпсон и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон неодамна добија и син, кој го доби името Ејс Кануте Џонсон.