Промотивната турнеја на Џесика Алба за филмот „Sin City: A Dame to Kill For“ остава отпечатоци на многу списанија. Познатата актерка е лицето од најновото издание на „Self“.
Во интервју за списанието, Алба споделила дека мрази да вежба, но дека се насочува кон физичката активност за да го намали стресот.
„Мразам да вежбам. Вежбањето е здодевно!“ – рекла таа и објаснила дека вежбала активно само кога филмските улоги го барале тоа од неа и за да се врати во форма по породувањата.
„Неодамна започнав да вежбам поради стрес. Сфатив дека треба да му дадам пауза на мозокот“ – дополнила таа.
Алба зборувала и за тоа колку е задоволна од својот живот сега. „Се чувствувам многу подобро на 33 години отколку што се чувствував на 22 години“ – изјавила таа.