Џесика Алба заведува од страниците на новото издание на „Maxim“. За машкото списание популарната актерка позираше во бикини, разголувајќи го своето тонирано тело.
Фотографот Клиф Ватс стои зад фотосесијата направена на плажа.
Во интервјуто за списанието, Алба признала дека одвреме-навреме си дозволува и малку нездрава храна, а дека не може да им одолее на начос и текила. „Многу сакам начос. И текила“ – рекла таа и додала дека најмногу била задоволна од изгледот на своето тело кога танцувала.
Алба моментално го промовира својот нов филм „Sin City: A Dame to Kill For“ во кој ќе ја повтори улогата на егзотичната танчарка Ненси.