Бијонсе е незапирлива и е едно од најбараните лица во Холивуд. Вчера се појави видео од ревијата на Том Форд во кое таа покажа дека може да биде одлична манекенка, а во новата реклама за боја за коса на Лореал која се појави денес, Бијонсе покажа дека е модел со силна појава.
29-годишната пејачка е само една од многуте славни личности кои снимија реклами за овој бренд.
Неодамна се појави и дел од снимањето на рекламата на Лореал со Џенифер Лопез, а вчера излезе и видео од снимањето на рекламата со познатиот Џерард Батлер.