Џерард Батлер беше „уловен“ од папараците додека уживаше и се забавуваше со Морган Браун на одмор во Порторико.
51-годишниот актер се релаксираше и играше тенис со својата 50-годишна девојка на плажа.
Џерард и Морган со прекини се во врска седум години. Неколкупати се имаат разделено, но повторно ја обновуваа врската. Последен пат парот раскина во август минатата година, а во интервју, Џерард изјави:
„И јас поминав низ разделба во короната, па изгубив сакана личност на поинаков начин и тоа беше потешко отколку што си замислував“.