Џенифер Лопез се сели во Хемптонс, Њујорк. 42-годишната актерка и пејачка си купи нов имот за 18 милиони долари и за неколку месеци планира да се всели во него.
„Таа ќе се всели за неколку месеци“ – пишува Us Weekly, потпирајќи се на изјава на анонимен извор.
Имотот е блиску до плажа и се простира на површина од 8000m2, а самата куќа освен 7 спални соби, има и 9 бањи.
Џеј Ло е чест посетител на елитниот Хемптонс. Освен што престојувала тука во текот на летото, таа го посетила овој регион заедно со Марк Антони еден месец по нивната разделба.