Џенифер Лопез издвоила 22,5 милиони долари за да стане сопственичка на луксузен стан во Њујорк. 45-годишната пејачка и актерка купила апартман во зградата во која живее Челзи Клинтон, ќерката на Бил и Хилари Клинтон.
Зградата има приватна теретана и силно обезбедување. „Таа е како луксузна тврдина. Постојано има портир за само четири апартмани“ – изјавиле од компанијата за недвижности ангажирана за продажбата.
Станот се простира на површина од 600m2, а вклучува 4 спални соби и исто толку тераси со прекрасен поглед.