Откако Џенифер Лопез престана да ја крие својата врска со 24-годишниот Каспер Смарт, и Марк Антони реши да покаже дека ја преболил својата поранешна сопруга.
На својот профил на Facebook, Марк објави фотографија на која силно ја прегрнува и бакнува манекенката Шeнон Де Лима. 43-годишниот пејач напишал под приватната фотографиja само „Gracias!“ (благодарам).
Еден ден претходно тој на Twitter напиша: „@Shadelima mi estatua de libertad. Besos bebe“, или во превод: „@Shadelima, мојата статуа на слободата. Бакнежи бејби“.
Шeнон е 24-годишен модел од Венецуела, која според весникот Hola, има 4-годишен син од претходна врска.
Излегувањето во јавност на Марк со новата врска доаѓа откако светот го обиколија фотографии од 42-годишната Џеј Ло и младиот Каспер Смарт за време на нивниот романтичен одмор во Мајами.