Џенифер Лопез гордо ги разголи своите тонирани нозе за снимањето на нови епизоди од музичкото шоу „American Idol“.
44-годишната ѕвезда прво одушеви со краток бел фустан со тантела од новата еко колекција на „H&M“, кој го надополни со високи обувки од пролетната колекција на Ivy Kirzhner.
Вчера пак, славната актерка и пејачка привлекуваше погледи во кратка розова креација од нејзината колекција за „Kohl’s“. За снимањето на шоуто во Лос Анџелес, Џеј Ло повторно избра обувки од Ivy Kirzhner.