На финалето на 14-тата сезона на American Idol, Џенифер Лопез, Кит Урбан и Хари Коник накратко заборавија на својата должност на членови на жирито и настапија на големата сцена.
Музичкото трио ја забавуваше публиката со изведба на хитовите „Diamonds“ од Ријана и „Locked Out of Heaven“ од Бруно Марс.
За настапот, Лопез избра проѕирна креација од либанската модна куќа Charbel Zoe и изгледаше како сексапилна сирена.
Видео
За големото финале 45-годишната актерка и пејачка повторно му го довери својот изглед на Зухаир Мурад. На црвениот тепих таа се појави во црна креација од колекцијата есен/зима 2015 на популарниот либански дизајнер.
Лопез настапи и со Принц Ројс и Питбул. Триото ја изведе песната „Back it Up“.