Џенифер Лопез може да носи модни комбинации кои многу 44-годишни жени не би се осмелиле да ги зачуваат во својот плакар, а притоа секогаш да мами воздишки.
Славната актерка и пејачка гордо ги разголи своите нозе за снимањето на новa епизодa од музичкото шоу „American Idol“.
Лопез била фотографирана непосредно пред снимањето во сјајна модна комбинација од бакарни и бургундец нијанси. Кошулата од Ланвин таа ја искомбинира со кратко здолниште од Вивиен Вествуд.
Младешката комбинација беше комплетирана со разнобојни сандали од Брајан Етвуд.
Специјален гостин во „American Idol“ беше интернет сензацијата Грампи Кет, а жирито не ја пропушти шансата да го овековечи моментот.