Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Лопез во пет креации од Версаче за концертот во Бронкс

ФОТО: Џенифер Лопез во пет креации од Версаче за концертот во Бронкс

Џенифер Лопез се врати дома со стил. 44-годишната пејачка го одржа својот прв концерт во родниот Бронкс.

За бесплатното шоу, Џеј Ло избра сексапилни костими, а повеќето од нив доаѓаат од модната куќа Версаче.

Музичката ѕвезда го отвори шоуто со зелена креација со принт палма, која е нова верзија на прочуениот фустан кој таа го носеше на Греми во 2000 година.

Џенифер Лопез Џенифер ЛопезЛево: Лопез на Греми 2000 година. Десно: Лопез синоќа во Бронкс Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Танцувајќи енергично со група полуразголени танчари, Џенифер ја заведуваше публиката и со бела комбинација со кратки тесни панталони со висок струк и впечатлив колан во форма на златна безопасна.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

За делот од шоуто посветен на баладите, Џенифер носеше мастилесто син фустан со качулка од актуелната колекција висока мода на Версаче, пролет/лето 2014.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Пред крајот на концертот, Џенифер се појави во гламурозно спортско издание. Црвената креација била рачно изработена од ателјето Версаче и декорирана со кристали.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Откако беше вратена на бис, Лопез запеа на сцената во колоритно боди Versus Versace и јакна бомбер со златни детали која била специјално изработена за неа.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Меѓу бројната публика на концертот се забавувале и мајката и сестрата на Лопез, Гвадалупе и Линда.

Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18980 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.